ЕкономијаМакедонијаСветот на работникот

Над 5000 вработени во Дрекселмајер одат на платен одмор

214views

“Дрекслмајер Македонија“ ги испрати на времен платен одмор вработените и наредните две недели ќе работи на технички минимум. Главна причина за ваквата одлука, како што соопштија од компанијата, е  ширењето на  коронавирусот, но и кризата во автомобилската индустрија  предизвикана од тоа.

На одмор во траење од две седмици се  5.300 вработени, но не се знае дали потоа ќе тргнат на работа.

–  Фабриката во овие две недели ќе работи на технички минимум, одржување на машини и слично. Секако, здравјето и безбедноста се на прво место, па така точниот почеток на производство и работа е во зависност од тоа како ќе се одвива ситуацијата со ширењето на коронавирусот, како и од развојот на настаните во автомобилската индустрија и нарачките што ги добиваме од нашите клиенти – информираат од компанијата.

Извор: Банкометар