- Advertisement -
НовостиПравдаСветСветот на работникот

Над 90 насто од вработените во американските федерални институции примиле вакцина

Над 90 насто од вработените - Работник
393views

Повеќе од 90 насто од вработените во федералните американски институции примиле најмалку една доза од вакцината против коронавирус до вчерашниот краен рок што го постави американскиот претседател Џозеф Бајден. Тој во септември објави дека сите работници во федералните институции ќе мора да бидат вакцинирани, освен ако не обезбедат доказ за изземање од здравствени или верски причини. Неименуван американски функционер изјави дека огромното мнозинство од вработените се целосно вакцинирани, а помал број од нив имаат сертификати за ослободување од вакцинација, кои или се одобрени или се во процес на потврдување.

Вработените кои одбиваат да се вакцинираат влегуваат во процес кој може да заврши со отказ доколку не ја примат вакцината или не обезбедат потврда за изземање. Рокот што истече вчера е голем тест за напорите на Бајден да ги принуди луѓето ширум земјата да се вакцинираат. Покрај правилото кое ги вклучува вработените во федералните тела, администрацијата на Бајден се обидува да ги принуди големите компании да воведат задолжителна вакцинација или тестирање за коронавирусот при доаѓање на работа.