Светот на работникот

Наемниот работник како роб во историјата на либерализмот

Наемниот работник како роб во историјата на либерализмот - Работник
165views

Доминантната идеологија денес стреми да ги скрие сличностите и преувеличи разликите во положбата на подредените класи во минатото и сегашноста. Ова вулгаризација лицемерно си игра со термините наемен труд, профит, пари, капитал како нешта што секогаш постоеле, секогаш биле идејно супериорни, секогаш биле доминантни и денес ги имаат решено сите противречности.

Така, еден либерал денес може да забележи дека робот во минатото работел беспари и дека тоа не е во ред. Пред се, видлив е стремежот на либералот да го претстави робот како наемен работник кој не земал плата, што е комплетно неисториска претстава за робовите. Не само шти робот не е наемен работник, па за плата е сулудо да се прави муабет, туку и не е точно дека ништо од тоа што го работи робот не му се враќа. Иако тоа не е експлицитно договорено, дел од времето робот работи за себе, а дел за својот владетел, односно, дел од тоа што ќе го произведе робот, владетелот ќе му го врати назад во форма на храна, вода, облека, место да преспие итн., а остатокот ќе си го задржи за себе, без компензација, пишува Антропол.мк.

Целосниот текст можете да го прочитате тука