ЕкономијаМакедонија

Намалена стапката на невработеност во Р. Македонија

Намалена стапката на невработеност во Р. Македонија - Работник
362views

Невработеноста бележи стапка од 17,8 отсто, по првиот квартал, истакна Заводот за статистика.

Ова претставува голем пад на невработеноста за период од три месеци. На крајот од 2018 година изнесуваше 19,4 проценти. Споредувајќи со стапката на невработеност од лани истиот период, таа е намалена за 3,8 проценти.

Податоците на Државниот завод за статистика, велат дека во првото тромесечје од 2019 година, бројката на активно население во Р. Македонија изнесува 960, 743 лица, од кои вработени се 789, 414, а 171, 329 се невработени.

Во однос на ланскиот период јануари-февруари-март евидентирани се 41 илјада повеќе вработени во системот