ЕкономијаМакедонија

Намален е бројот на работници во индустријата

Намален е бројот - Работник
130views

Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на бројот на работниците во индустријата во декември 2019 година, во однос на декември 2018 година, изнесува 97.6.

Бројот на работниците во секторот Рударство и вадење на камен во декември 2019 година, во однос на декември 2018 година, бележи пад од 1.5 %, во секторот Преработувачка индустрија пад од 2.6 %, а во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација пoраст од 0.4 %.

Според главните индустриски групи, бројот на работниците во индустријата во декември 2019 година, во однос на декември 2018 година, бележи пораст кај Капитални производи за 2.6 %,  опаѓање бележи кај Интермедијарни производи, освен енергија за 3.4 %, Tрајни производи за широка потрошувачка за 3.5 %, Нетрајни производи за широка потрошувачка за 4.2 %, додека кај Енергија е на истото ниво.

Индексот на бројот на работниците во индустријата во периодот јануари − декември 2019 година, во однос на периодот јануари − декември 2018 година, изнесува 98.4.