- Advertisement -
НовостиПравдаСвет

Наместо да ги вакцинира со „Фајзер“, лекар им вбризгувал физиолошки раствор на пациентите

Лекар - Работник
226views

Полицијата во Анкона, Италија истражува случај на лекар кој на пацинетите, наместо вакцина „Фајзер“ им давал обичен физиолошки раствор, пишува „Фанпејџ“.

Според досега достапните информации, лекарот на овој начин „имунизирал“ околу 30 пациенти, но не е исклучено дека станува збор и за повеќе. 

Advertisement

Истрагата е започната откако некои од пациентите се посомневале во „вакцинацијата“ бидејќи докторот избегнувал да им каже со која вакцина се имунизирани, ниту пак им давал потврда за вакцинирањето.

Како што се наведува, полицијата допрва ттеба да го утврди точниот број на измамени пациенти, како и мотивот за ваквата постапка на лекарот, додека според пишувањето на весникот, лекарот се бранел со тоа дека бил под притисок од некои лица за да ги вакцинира иако немало доволно дози. 

Advertisement
Advertisement

Лекарот располагал со одредена доза на вакцини, но засега не е јасно каде завршиле вистинските вакцини. 

 

Advertisement