СветСветот на работникотСиндикат

Наместо 400 бараат 1,600 евра: Штрајк на работниците во Германија

Наместо 400 бараат 1,600 евра - Работник
207views

Вториот најголем синдикат во Германија, Верди кој ги претставува претежно вработените од секторот услуги, ги повикал вработените во компанијата Амазон на штрајк.

Претпразничните предупредувачки штрајкови во германските логистички центри на Амазон се случуваат од време на време, уште од 2013 година. На тој начин работниците со најниски плати кои работат во најтешките услови и се под голем временски притисок, бараат подобри услови и поголеми плати.

Штрајкот на Црн петок или непосредно пред Божиќ имаат посебно големо влијание, бидејќи тогаш најмногу роба треба да се испорача од складиштата, па во исто време се насобираат и најмногу прекувремени работни часови. Токму тој факт овој синдикат сака да го искористи за со застој на работата да создаде притисок врз компанијата на Џеф Безос.

Овој пат главното барање е зголемување на божиќниот додаток на плата – наместо најавените 400 евра, вработените во Амазон бараат четири пати поголем износ.

Како што стојат работите сега, штрајкот би требало да започне во понеделник и да трае цела недела, се до сабота навечер. Како што е најавено, тој ќе се одвива само во логистичкиот центар во Бад Херсфелд, пишува порталот Сибиз.

Ројтерс пренесува дека одговорот на Амазон на сите досегашни слични ситуации бил млак, како и поради слабиот одзив на работниците не се забележани значајни последици.

Инаку, Амазон во Германија планира да отвори уште еден нов центар, со кој ќе имаат складишта на 35 локации и преку 20 илјади вработени во таа земја.