МакедонијаПравда

Нападнати двајца новинари во Скопје

Нападнати двајца новинари во Скопје - Работник
188views

Двајца новинари ноќеска биле физички нападнати од група на возраст од околу 20 години на улицата Есперанто во Скопје.

Дел од медиумите информираа дека станува збор за новинарите Љупчо Цветановски и Дејан Андоновиќ.

– На 14 ноември 2019 во 2,30 часот во СВР Скопје е пријавено дека околу 1 часот на улица Есперанто, во близина на угостителски објект, Љ.Ц. и Д.А. биле физички нападнати од неколку лица на возраст од околу 20 години – соопштија од Министерството за внатрешни работи.

МВР презема интензивни мерки за итно и целосно расчистување на настанот.

Извор: Либертас