- Advertisement -
НовостиПравдаСветСветот на работникотСиндикат

Наплив на странски работници на српските градилишта – меѓу нив има и Македонци

Наплив на странски работници - Работник
614views

Србија наредните години, поради недостатокот на домашна работна сила, може да очекува налив на работна сила од странство, пред се од Индија и тоа не само во градежниот сектор, туку и од во компаниите кои се бават со производство на делови за автомобилската индустрија, предупредил Претседателот на Синдикатот на работниците од градежништвото и индустријата на градежни материјали Саша Тролаковиќ.

Тој за „Бета“ рекол дека масовното доаѓање на работници од Индија, за да се надомести недостатокот на квалификувана и неквалификувана работна сила, делумно било забавено од пандемијата со коронавирусот, но дека во иднина треба да се очекуваат во поголем број, бидејќи доаѓаат во групи од по 500 луѓе.

„Минатата година во Србија биле регистрирани околу 12,000 странски работници, а се проценува дека овој број досега е зголемен за околу 50 %. Работници, освен од Индија, доаѓаат и од Кина, Турција, Романија, Црна Гора, Босна и Херцеговина, Македонија, Албанија, Русија, Украина…“, рекол Тролаковиќ.

Додал дека компанијата Бехтел – Енка која го гради Моравскиот коридор пред неколку месеци требало да доведе 1,400 работници од Индија и Турција, кои би биле сместени во камп со одлични услови за живот, но пандемијата го оневозможила тоа, па бил распишан оглас за домашни работници.

Тој рекол дека на индиските и на другите работници платата од 300 долари им е „голема“ и од тие 100 долари можат да ги испратат дома на своите семејства.

Според него, просечната плата во градежништвото изнесува 51,000 динари, што е малку за речиси секојдневна, ризична работа, бидејќи во Германија можат да заработат четири до пет пати повеќе. Тролаковиќ рекол дека во Србија недостатокот на работна сила во градежништвото се решава со полесни процедури за доаѓање на странски работници, па набрзина ги подучуваат за разни занаети при повлекување на домашните мајстори од пензија.

„Квалификациите на тие странски работници не се земаат многу во предвид, како што се мисли, тие воопшто ги немаат, но процедурите за нивното доаѓање се олеснуваат, а во подготовка е и закон за зголемување на потребата на работодавачите за работно ангажирање на работници на кои ќе им дадат статус на сезонски работници, односно работодавачот ќе им плаќа по договор, а државата ќе ги плаќа даноците“, рекол Торлаковиќ.

Доаѓањето на кинеските работници, според него, е олеснето пред неколку години, бидејќи нив им се признаени некои права според кинеските прописи, но други се соочуваат со „патен рекет“, што значи дека работодавачите ги уценуваат да ги платат патните трошоци и да одреден период работат бесплатно.

Торлаковиќ рекол дека, според извештајот на инспекциските служби, за првите четири месеци од оваа година на градилиштата кои биле под надзор на инспекторите, тие затекнале работното ангажирани работници од Кина, Турција, Туркменистан, Романија, Албанија, Црна Гора, Германија, Македонија, Босна и Херцеговина, Русија, Индија, Тунис, Гана, Италија, Иран и Полска.  

Претседателот на Управниот одбор на Здружението на хотелиери и угостители на Србија Александар Василјевиќ рекол дека е многу тешко да се најдат работници во хотелиерството, особено собарки, перачи на садови и слични занимања, бидејќи тие, поради последиците кои ги предизвика пандемијата, бегаат во други занимања.

„Работници за во хотели и ресторани бараме преку огласи и преку препораки, но тешко е да се најдат иако платите, поради зголемувањето на квалитетот на услугите се над минималната“, рекол тој.

Додал дека полесно е да се најдат маркетинг менаџери отколку угостителски работници.

Извор: Бета

Фото: Pixbay