Правда

Народен Правобранител: Образованието не е подготвено да почне со инклузија на децата со попреченост од новата учебна година

Народен Правобранител - Работник
233views

Народниот правобранител испрати мислење со предлози и констатации за Нацрт-законот за основно образование до министерот за основно образование и наука Арбeр Адеми, во кое наведува дека ако не се исполнат нивните предлози и основни констатации, повторно ќе имаме инклузија која ќе биде само правно уредена и нема да може практично да се имплементира.

Нацрт-законот за основно образование на 18 јули имаше прво читање од собраниската Комисија за образование и спорт, а предизвика доста реакции откако професорите од Институтот за специјална едукација и рехабилитација (дефектологија) при Филозофскиот факултет во Скопје минатиот месец реагираа со отворено писмо дека не се вклучени во подготвувањето на новиот Закон.

„Она што дополнително нѐ загрижува е тоа што Нацрт-законот во вид на Предлог-закон влезе во собраниска процедура и се очекува негово донесување. Во Нацрт-законот ние не видовме преодни и завршни одредби во делот на тоа кога ќе стапи во сила. Тоа значи дека ако Законот влезе во сила со неговото донесување и ќе важи од новата учебна година, прашањето е: Дали сме ние подготвени навистина инклузивно да делуваме?“, вели Заменик-народниот правобранител Васка Бајрамовска-Мустафа за САКАМДАКАЖАМ.МК, објави СДК.МК.

Целосниот текст можете да го прочитате тука