НаукаСветот на работникот

НАСА бара астронаути, плата до 120,000 долари. Условите се многу строги

НАСА бара астронаути - Работник
390views

Американската вселенска агенција (НАСА) неодамна најавила дека од 2 до 31 март ќе прима пријави за следната генерација на астронаути.

Тие во 2024 година би требало да се спуштат на Месечината во рамките на програмата Артемис (Артемида).

НАСА од 1960 година избрала повеќе од 350 луѓе за астронаутска обука, од кои моментално 48 се активни.

„Оваа година ќе славиме 20 години од континуираната присутност на Меѓународната вселенска станица во ниската Земјина орбита. На прагот сме да до 2024 година на Месечината ја испратиме првата жена и следниот маж. Неколкуте од исклучиво талентираните жени и мажи кои ќе ги ангажираме да се приклучат кон нашиот разновиден астрономски корпус, времето кое ќе го поминат во леталото како астронаути ќе биде неописливо“, рекол Џим Бриденштајн, лидерот на НАСА.

Кој може да стане астронаут

Првиот услов за пријавување за асторнаут во НАСА е американсоко или двојно државјанство. Од кандидатот се очекува и да има диплома од природни науки или математика. Кандидатите мораат да имаат и најмалку две години професионално искуство или барам 1,000 часа искуство како пилоти, пишува Jutarnji list.

По пополнувањето на онлајн пријавата кандидатите кои ќе поминат во следниот круг ќе бидат и тестирани за нивната физичка подготвеност.

На избраните кандидати ќе им следуваат две години тренинг, а ќе поминат и воена обука за преживување, ќе учат за роботика и ќе го совладаат рускиот јазик.

И Европската вселенска агенција (ЕСА) распишува јавни конкурси за астронаути. Досега имало само три кампањи за избор на астронаут од страна на ЕСА кои траеле по девет месеци: во 1978 и 1979 година и во 1992, 2008 и 2009 година. Главните услови на ЕСА се астронаутите да имаат помеѓу 27 и 37 години и да имаат докторат од СТЕМ подрачјето, по можност да имаат пилотска дозвола, одлично да го познаваат англискиот јазик и по можност да знаат руски, за кој ЕСА нуди дополнителна обука. Кандидатите треба да имаат добро општо здравје, да се емоционално стабилни, емпатични и да имаат способност да работат во мултинационално опкружување. На последниот конкурс на ЕСА се пријавиле повеќе од 8,000 кандидати, од кои десет влегле во потесниот избор.

Руската вселенска агенција (Роскосмос) нема обичај да распишува јавни конкурси за своите астроанути, бидејќи поголемиот дел од нив се припадници на руската војска. И кандската, јапонската и кинеската агенција имаат астронаути.

Колкава е платата

Според Бизнис инсјадер, годишните плати на астронаутите на НАСА се одредуваат со помош на државната платна скала и можат да се квалификуваат во две нивоа: ГС – 12 и ГС – 13. „Нивото на секое лице се одредува според академските достигнувања и искуството“, наведува НАСА.

Во 2018 година новиот астронаут од ГС – 12 би заработил 64,600 долари годишно.

По неколку години успешна работа истиот астронаут би имал плата од 82,680 долари годишно во истото ниво. Повеќе квалификуван астронаут во платното ниво ГС – 13 на почетокот би можел да затработува 75,628 долари годишно, а после неколку години и до 98,317 долари. Сепак, платите на астронаутите не се стриктно одредени, па тие можат да заработат и до 120,000 долари годишно. Иако на веб страна на ЕСА не се наведуваат точните плати на астронаутите, некои извори наведуваат дека тие се движат помеѓу 58,800 и 84,300 евра годишно.