Uncategorised

НАСА на Исланд се подготвува за на Марс

НАСА - Работник
9views

За да се подготви за идната мисија на Марс во 2020 година, НАСА „слетала“ на Исланд каде планира да се увери дека нејзиниот нов вселенски Ровер е подготвен за претстојната мисија.

Со својот црн базалтен песок, ридовите со ветрови и карпести врвови, полето со лава Ламбахраун во подножјето на вториот најголем исландски глечер Лаџокул избрано е како заменски полигон за површината на Црвената планета.

Петнаесет научници и инженери од НАСА три недели таму ќе го усовршуваат прототипот на роботот кој би требало да ја продолжи работата на Роверот „Curiosity“, кој го истражува Марс од 2012 година.

Експертите велат дека Исланд, вулкански остров сред северниот Атлантик, на многу начини потсетува на четвртата планета од Сонцето.

„Исланд е многу добра аналогија за истражување на Марс и учење како да се управува со Роверот“, рекол Адам Деслауриес од канадската компанија која НАСА ја плаќа за да го испита прототипот на новиот Ровер.

Неуништлив Ровер?

Прототипот е малечко електрично возило на четири тркала, со два мотори и 12 мали автомобилски акумулатори.

„Тој Ровер е во основа неуништлив“, вели Деслауриес. „Нашите Ровери на Месечината и Марс би имале повеќе проблеми на Исланд бидејќи не се воопшто подготвени за дожд.

Опремен со сензори, компјутер и камери, Роверот е тежок околу 570 килограми и се движи со брзина од 20 сантиметри во секунда.

Возилото мора да биде толку бавно за да може правилно да ги собира податоците и да ги прати на земјата, објаснуваат експертите.

Роверот кој се испитува на Исланд е само прототип на оној кој идната година ќе биде пратен на Марс. А тој кој не е сеуште именуван, ќе може да собира примероци и да ги зачува во својата меморија за да идните мисии ги донесат на Земјата.

Пред него што станала негостољубива ледена пустина со просечна температура од минус 63 Целзиусови степени, Марс, веруваат научниците, делел многу карактеристики со субарктичкиот Исланд.

Совршени услови

„Минерологијата на Исланд е многу слична на таа што ја пронајдовме на Марс“, рекол Рајан Евинг, професор по геологија на тексашкиот универзитет А и М.

„Овде е студено и нема многу вегетација, но имаме околина, како песочните ридови, реките и карпите мраз која е слична како таа на Марс во минатото“.

Исланд бил претходно користен како полигон за обука на астронаутите на НАСА. Во текот на мисијата Аполо 32, астронаутите биле на геолошка обука на исландските полиња со лава.

Таквото опкружување на НАСА и овозможува да ја испита опремата и процедурите како што ги изведуваат луѓето, во екстремни услови, но цврсто на Земјата.

Следната мисија на Марс би требало да биде лансирана помеѓу 17 јули и 5 август следната година.