Наука

НАСА открила градежни блокови за живот во океанот Енкелада

НАСА открила градежни блокови за живот во океанот Енкелада - Работник
245views

Научниците воочиле дека во океанот на месечината на Сатурн, Енкелада се наоѓаат обилни најосновни состојки за развој на живот.

Според резултатите на новата анализа на податоците на НАСА, било откриено дека во гејзерите кои од под ледената кора на океанот на месечината во вселената исфрлаат голема количина на течна вода, наидуваат органски соединенија, пишува Business Insider.

Тие соединенија кои содржат азот и кислород, играат клучна улога во создавањето на аминокиселини – комплексни молекули од чии ланци се составени протеини. Без протеини, животот каков што го знаеме на Земјата, не би можел да постои.

Докажано е дека се потопени во вода

Научниците веќе некое време претпоставуваат дека во океанот под површината на Енкелада се наоѓаат органски соединенија. Минатата година на таа месечина откриле органски молекули, но не биле стопени. За да таквите соединенија можат да создадат живот, прво мораат да реагираат со хидротерминални извори, а за тоа потребно е да се стопени во вода.

Иако леталото Касини, после дваесет години на вселенско истражување, во 2017 година завршило со својата мисија, податоците кои тоа ги доставило сеуште се обработуваат и се смета дека во потполност ќе бидат анализирани за неколку декади.

Во најновата анализа, научниците ги користеле податоците од уредот на Касини, Cosmic Dust Analyzer (CDA). Имено, ЦДА детектирал ледени зрна кои од Енклада пристигнуваат до прстенот Е на Сатурн, а сега физичарите го одредиле нивниот став користејќи се со мерењата од масниот спектометар на ЦДА. Масената спектометрија е техника со која се анализираат молекулите на основа на нивната маса.

Откриле дека се детектираните органски молекули прво се стопиле во океанот, потоа испариле од водната површина и на крајот се кондензирале во пукнатините на ледената кора на месечината и замрзнале во вид на зрна мраз. Касини ги детектирало кога гејзерите ги исфрлиле во вселената, кон прстените на Сатурн.

Зелено светло за понатамошни истражувања

„Овие наоди покажуваат на тоа дека во океанот на Енкелада се наоѓаа изобилие на изградени блокови на живот, што е зелено светло за понатамошни истражувања за можноста за развој на живот на таа месечина“, рекол ко-авторот на истражувањето, планетарниот научник Френк Постберг.

Истражувањето е објавено во средата, во списанието Monthly Notices of the Royal Astronomical Society.