МагазинНаука

НАСА ја избра Нокиа за поставување на првиот систем за комуникација на Месечината

НАСА ја избра Нокиа за поставување на првиот систем за комуникација на Месечината - Работник
90views

Американската вселенска агенција НАСА ја избра Нокиа за партнер во поставувањето на систем за комуникација на Месечината, како еден од предусловите за одржливо човечко присуство на Земјиниот сателит, објави во понеделникот финската компанија.

Според договорот со НАСА, Нокиа би го изградила првиот 4G комуникациски систем во вселената до 2022 година, отворајќи ја вратата за одржливо човечко присуство на Месечината.
Целта на мисијата на НАСА е да ги врати луѓето на Месечината до 2024 година и да изгради долгорочно човечко присуство и населби како дел од програмата Артемида.
„Nokia Bell Labs“ работи со американската компанија „Intuitive Machines“ за да ја интегрира оваа револуционерна мрежа во нејзиното лунарно летало и да ја испорача на површината на Месечината.
Мрежата ќе се самоконфигурира по испораката и ќе го воспостави првиот LTE комуникациски систем на Месечината, се вели во соопштението.
Мрежата се очекува да обезбеди клучни комуникациски способности за многу различни типови на пренос на податоци, вклучувајќи управување и контрола, далечинско управување на лунарните ровери, навигација во реално време и пренос на видео со висока дефиниција.