Наука

Наскоро во близина на Земјата ќе помине огоромен астероид. НАСА за него вели дека е опасен?

Наскоро во близина - Работник
705views

На 29 април блиску до нашата планета ќе помине астроид со дијаметар помеѓу 1,8 и 4 километри. За среќа, не би требало да удри во Земјата.

Астероидот 52768 (1998. OR2) за првпат е забележан во 1998 година. На крајот од април ќе помине на 6,3 милиони километри оддалеченост од Земјата, движејќи се со брзина од 8,7 км/с. Иако НАСА го категоризирала како потенцијално опасен објект (анг. potentially hazardous object, PHO) и како објект кој поминува блиску до Земјата (анг. near-Earth object, NEO), тоа автоматски не значи дека претставува закана за нашата планета. Тоа би било случај единствено ако истовремено се наоѓа и на листата на објекти кои би можеле да удрат во Земјата.

Што се NEO и PHO?

Астероидите, односно објектите NEO, често поминуваат релативно блиску до Земјата, а медиумите се сколни кон тоа да претераат со изјавите за нивната опасност само на база на тоа што се сместени во категориите PHO и NEO кои се звучни имиња. Но, што овие категории воопшто значат?

NEO е секој објект кој поминува во близина на Сонцето на оддалеченост помала од 1,3 АУ (астрономски едници). АУ ја означува рамковната оддалеченост на Земјата од нашите ѕвезди и изнесува 150 милиони километри. Тоа значи дека се работи за тела кои ќе поминат во близина на нашата планета во релативна смисла. На пример, овој астероид би требало да помине на оддалеченост од 6,3 милиони километри од нашата планета, што е доста далеку. За споредба, Месечината од нас во просек е оддалечена 384,400 километри.

Потенцијално опасниот објект (PHO) е она вселенско тело чиј дијаметар е поголем од 140 метри и кое поминува на 0,05 АУ (7,500,000 км.) оддалеченост од Земјата; поради што астериоидот 52768 е сместен во оваа категорија.

Засега нема причина за страв

НАСА и другите вселенски агенции и организации редовно ги следат сите вселенски објекти кои поминуваат блиску до нашата планета. Тука на пример можете да видите кои астероиди ќе поминат блиску до Земјата во следните 30, 60 или повеќе денови.

Во графиконот, помеѓу другото, се наоѓаат и информации за големината на објектите и оддалеченоста на која ќе поминат. Во главно, видиливо е дека засега нема причина за страв.