- Advertisement -
ЗанимливостиМагазинНаука

Наскоро мисија на Антарктикот: Колку големата санта мраз ќе влијае на живиот свет?

Наскоро мисија на Антарктикот: Колку големата санта мраз ќе влијае на живиот свет?
268views

Тим научници предводени од Велика Британија следниот месец ќе започнат истражувачка мисија во Јужна Џорџија, со цел да го проучат влијанието на огромниот леден брег врз дивите животни и морскиот свет, на кој му се заканува судир со санта мраз.

Доколку стигне до островот, тоа би можело да биде катастрофа за поголемиот дел од живиот свет во Јужна Џорџија, еден од најважните екосистеми во светот.

Огромната санта мраз која е наречена А68а лебди откако се одвои од ледениот гребен Ларсен Ц (Larsen C) во 2017 година. Сега се наоѓа на оддалеченост на околу 75 километри од островот Јужна Џорџија.

Во Јужна Џорџија се наоѓа колонија од десет илјади пингвини и шест милиони фоки со крзно, кои може да бидат загрозени од сантата мраз за време на сезоната за парење.

Водите во близина на островот се едни од најголемите заштитени морски области и во нив има повеќе морски видови отколку во Галапагос.

Британската истражувачка мисија на Антарктикот предупреди дека ледениот брег би можел да остане потпрен на крајбрежјето и до десет години, пред да се стопи мразот и да се раздели.

Тоа може да спречи два милиони пингвини на островот да стигнат до водата за да ги прехранат своите млади пингвини.

Целта на мисијата ќе биде да се утврдат различните влијанија што ќе ги има ледениот брег А-68а.

Две подводни роботски едрилици ќе бидат распоредени од бродот RRS JAMES COOK, кој ќе поминат неколку месеци собирајќи податоци за да се испита влијанието на свежата вода од топењето на мразот во областа.

Извор:www.b92.net