Наука

Научниците го пронашле изгубениот континет: Се наоѓал под Балканот

Научниците го пронашле изгубениот континет: Се наоѓал под Балканот - Работник
164views

Угледното списание Сајенс (Science) објавило статија за континентот кој настанал пред повеќе од 100 милиони години, на кој научниниците му го дале името Голема Адрија (Greater Adria), а кој се простирал на денешниот простор, од Алпите до Иран.

Континетот поради големите тектонски движења потонал, а најголемиот дел се наоѓал на просторот на денешна јужна Европа. Поедноставно, изгубениот контиенет Голема Адрија (или Голем Јадран) се наоѓа длабоко под Балкан.

Како што тврдат експерите, Голема Адрија е формирана пред речиси четврт милијарди годни кога се одвоила од јужниот суперконтинет Гондвана кој тогаш заедно ги држел денешна Африка, Јуѓна Америка, Антарктик, Австралија, Индискиот потконтинент и Арапскиот полуостров, пренесува Б92.нет.

Тој праисториски континент ги опфатил подрачјата на триесет денешни земји, од Шпанија до Иран. Поголемиот дел бил под вода, од кој штрчеле низа на огромни карпи, односно острови, тврди Дуве ван Хинсберген, шефот на Катедрата за палеогеографија и глобална тектоника од одделението за геологија на Универзитетот во Ултрехт, Холандија.

„Медитеранската регија е едноставно – геолошки неред. Се е искривено, искрешено и расфрлено“, рекол Ван Хисберген за списанието Сајенс.

Голема Адрија, по неговото толкување, бил дел од африканската тектонска плоча, а пред стотини милиони години започнало нејзиното „лизгање“ и подвелкување под евроазиската тектонска плоча, односно под денешна јужна Европа.