Наука

Научниците го пронашле местото со најчист воздух на Земјата

313views

Научниците веруваат дека го идентификувале најчистиот воздух во светот, без честички предизвикани од човечка активност. Местото каде што е најден најчистиот воздух во светот не е во близина на подрачје населено од луѓе.

Истражувањето на истражувачите од Државниот универзитет во Колорадо открива дека Јужниот Океан околу Антарктикот е местото каде што воздухот е навистина чист и свеж. Времето и климата се тесно поврзани, поврзувајќи го секој дел од светот со другите региони. Бидејќи климата се менува брзо поради човековата активност, научниците и истражувачите се борат да најдат агол на Земјата кој не е под влијание на луѓето.

Професорката Сонија Крајденвеис и нејзиниот тим и пред истражувањето сметаа дека воздухот над Јужниот Океан ќе биде најмалку засегнат од луѓето и прашината од светските континенти. Тие открија дека граничниот слој на воздухот, кој ги храни долните облаци над Јужниот Океан, немал аеросолни честички произведени од човечка активност – вклучително и горење фосилни горива, садење одредени култури, производство на ѓубрива и отстранување на отпадни води или транспортирани од други земји во светот.

Повеќе прочитајте на факултети.мк