- Advertisement -
МагазинНаукаНовости

Научниците конечно дале одговор на ова прашање: Зошто луѓето зборуваат во сон?

Научниците конечно - Работник
684views

Најновите студии откриваат дека 20 % од децата и шест проценти од возрасните често зборуваат во сон, но дали ја знаете причината зошто зборуваме во сон?

Деирдра Барет, психолог и долгогодишен истражувач на соништа на Медицинскиот факултет при Харвард, вели дека лицата кои зборуваат во сон од време на време можат да опишат интензивна, важна работа од својот живот, но тоа е често помешано со бесмислени работи поради кои е тешко да се раздвои фантазијата од реалноста.

„Идејата дека лицето во сон секогаш ќе ја зборува вистината не е случај“, вели Барет.

Наместо тоа, таа нагласува дека разговорот во сон не треба да загрижува, дури иако делува вознемирувачки и страшно.

Работите кои луѓето ги зборуваат во голема мера зависат од тоа во која фаза на спиење се.

Барет опишува постепено напредување во текот на четирите фази на не – РЕМ сонот кои поминуваат од првенственото мрморење на звуци и едноставни зборови во најдлабок сон од четврта фаза, до едноставни фрази во третата фаза и на крајот, во втората фаза, се јавуваат сложените реченици.

Но магијата се случува во текот на РЕМ спиењето.

„Во РЕМ – от слушате се што можете да замислите. Често во вид на монолог или разговор. Неретко се тоа шеги, смеење, плачење или пеење“, вели Барет.

Во една од новите студии кои се бавеле со лингвистичките карактеристики, истражувачите го анализирале јазикот на 232 лица кои зборувале во сон и откриле дека речениците паралелно ја следат сложеноста на будноста и граматичките правила.

Во поглед на она што го рекле луѓето, студијата покажала дека најпопуларен збор во текот на сонот бил „не“ и неговите варијации.

Пцостите биле уште еден популарен избор кој се појавувал многу почесто навечер, отколку при дневно спиење.

Авторите сугерирале дека големата количина на негативна содржина во разговорот во текот на спиењето може да ја одржува негативната ментална содржина во мозокот на лицето кое спие.

Читателите на Редит споделиле најсмешни, најнеобични работи кои некогаш ги рекле во сон или слушнале како други ги рекле.

  • Мојата осумгодишна ќерка се преврти во креветот и рече: ммммм…. сакам пица. И пиво.
  • Еднаш еден пријател ми рече дека сум зборувал во сон за тоа колку е одличен Бенџамин Френклин и повеќе пати сум го нарекол „крал на змејовите“.
  • Мајка ми во сон ми рече: „Не оди на таа забава, имаат шпагети. Ќе ви се расипе автомобилот“.
  • Кога мојот татко излегуваше од операциона сала, покажа кон мајка ми и рече: „ Откако ќе се решам од неа, ќе одам во школа за кловнови“.
  • Еднаш го слушнав пријателот како во сон вели: „Само ставете го во машината за перење облека и сите ваши желби ќе се остварат“.

Извор: Espreso.co.rs

Фото: ProfimediaProfimedia