Наука

Научниците објавиле тродимензионален модел од Коронавирусот

Научниците - Работник
430views

Американските научнции го објавиле првиот тродимензионален молекуларен модел на новиот Коронавирус кој ги напаѓа човечките клетки, што е многу важна етапа за развојот на лечењето и вакцините.

Екипата на научници од тексашкиот универзитет во Остин и Националниот здравствен институт (НИХ) употребиле технологија наречена крио – електорнска микроскопија (наградена со Нобелова награда за хемија во 2017 година), за да го покажат прикачувањето на вирусот на клеките, т.н. спикуларни протеини.

Врвови на вирусот

„Врвот е антиген кој сакаме да го внесеме во луѓето за да имунолошкиот систем произведува антитела и телото би било подготвено да одговори на нападот на вируси“, објаснил Џејсон Меклелан, главниот автор на студијата објавена во списанието Science.

Тој со својот тим со години ги проучува другите вируси од истото семејство, посебно Сарс и Мерс.

На темел на тоа искуство и геномот кои Кинезите ги покажале на почетокот од епидемијата, експертите изградиле стабилна верзија на вирусот во лабораторија.

Нивната молекуларна структура сега е достапна на научниците од целиот свет.

„Тоа е убава чиста структура“

„Тоа е убава чиста структура на еден од најважните протеини на Коронавирусот, вистински напредок за разбирање како Коронавирусот ги пронаоѓа и продира во клетките“, коментирал вирологот Бенџамин Неуман.

Картата би требало да им помогне на научниците да сфатат како вирусот се крие и како да се неутрализира и да се отвори пат за антивирални лекови за веќе заразените лица и за правење на вакцини.