ЗанимливостиНаука

Научниците откриле море кое врие и кипе: Вакво нешто досега не е снимено (Видео)

Научниците откриле - Работник
109views

Воодушувачката глетка ја предизвикале меурите од метан кои се издигаат од морското дно

Руски научници во Арктичкиот океан го забележале најсилното избивање на метан кој креирал „фонтана“ од тој плин. Тие истакнале дека опасноста од овој плин кои како стаклен плин ги забрзува климатските промени или предизвикува излевање на нафата или плин додека избива од одмрзнатиот пермафрост. Истражувачката експедиција од Универзитетот во Томск до тоа откритие дошла источно од островот Бенет во источното Сибирско море, каде се чинело дека поради силните меури водата „врие“ на површина од 5 квадратни метри, пишува Њузвик.

 

Воодушевувачката глетка била предизвикана од меурите кои се издигнувале од морското дно. Истражувачите рекле дека концентрацијата на метан во источно сибирското море е помеѓу шест и седум пати поголема од светскиот просек.

„Ова е најмоќната плинска фонтана која сум ја видел досега“, рекол Игор Семилетор, водечкиот истражувач од Томск.

„Сеуште никој нема снимено нешто слично“, додал тој. Проектот е покренат откако истражувачите забележале дека нивото на метан се зголемува во целиот регион. Истражувачкиот тим смета дека растот на метанот е последица на одмрзнувањето на премафростот кој погодил делови од Сибир ддоека температурите во регионот се зголемувале.

Во 2017 година, руските научници истражувале огромни кратери во арктичките региони на Сибир, предизвикани од создавање на огромни метански меури под земјата. Меурите би се запалиле и би експлодирале, создавачи огромни картери. Во езерото Алберта во Канада, водата е толку богата со метан, што воздухот над површината на езерото може да се запали, додека под површината плинот се смрзнува во цврсти меури заробени во водата.

Истражувачите го поврзале вишокот на метан со климатските промени истакнувајќи дека глобалното зголемување на температурите од 1 степен Целзиусов ја зголемило емисијата на метан за 20 проценти. Поголемата количина на метан во атмосферата може да ги забрза климатксите промени бидејќи плинот „заробува“ 23 проценти повеќе топлината отколку јаглерод – диоксид.

Метан – чест убиец на рударите

Метанот е безбоен плин и е спој на јаглен и водород со хемиска формула CH4. Споевите на јаглен и водовод се нарекуваат јагленоводници, а метанот е наједноставен од тоа семејство на хемиски соединенија. Се развива во мочуриштата каде скапуваат органските материи, па го нарекуваат и мучуришен плин. Се наоѓа и во рудниците со јаглен каде со мешањето со воздухот знаат да настанат разорни експлозии кои се предизвикувачи на многу рударски трагедии. Метанот прв го открил и го издвоил, Алесандро Волта помеѓу 1776 и 1778 година, кога го проучувал мочуришниот плин во езерото Магиоре, во Италија.

Метанот е многу силен стаклен плин. Во спредба со СО2 на 20 години, метанот е 72 пати посилен стаклен плин, а на 100 години е 25 пати посилен. Во атмосферата трае околу 10 години, а потоа се разложува на СО2 и вода. Метанот влијае и на разложувањето на озонската намотка.