Наука

Научниците предупредуваат на разорен домино ефект од климатските промени

Научниците предупредуваат - Работник
48views

Повеќе од половина критични точки кои би можеле да водат во долгорочно неповратни промени на Земјата  и се закануваат на цивилизацијата се пројдени, предупредиле научниците. Научниот тим на чело со професорот Вил Стефен од австралискиот национален универзитет (АНУ) во Канбера во статијата објавена во списанието Nature наведува дека девет критични точки би можеле да имаат домино ефект и да водат кон климатска катастрофа.

Штом една или две домино плочки се срушат, тие ја туркаат земјата кон следните критични точки, навел Стефен во соопштението кое го објавил универзитетот во четвртокот по повод објавувањето на статијата во списанието Nature.

Се плашиме дека ќе стане невозможно да се запре целата низа на домино плочките, што би создало каскада која би можела да се закани на постоењето на човечките цивилизации.

Критичните точки опфаќаат губење на арктичкиот мраз и ледените плочи на Грендалнд и Антарктик, топење на трајниот мраз и уништување на тајгите и Амазонската прашума.

Критичните точки во биосферата би можеле да покренат неконтролирално отпуштање на јаглен во атмосферата кој бил „усогласен“ претходно на Земјата, забрзувајќи го затоплувањето и додатно дестабилизирајќи ги ледените плочи, вели Стефен.

Топењето на ледените плочи би можело да доведе до непораветн пораст на нивото на морето од околу 10 метри, додава тој. Научниците повикале на итна акција за да се спречи домино ефектот со посилно делување на поголемото намалување на емисиите на стаклените гасови од она што е договорено со париската климатска спогодба од 2015 година.

Времето за одговор забрзано исчезнува, предупредуваат научниците.

И покрај тоа што поголемиот дел од земјите ја потпишале спогодбата за ограничување на глобалното затоплување на под 2 Целзиусови степени, се на пат да ја зголемат просечната температура од најмалку 3 Целзиусови степени, предупредиле тие.