Наука

Научниците се приближуваат до постигнување вештачка фотосинтеза за добивање обновлива енергија

359views

Научниците од лабораторијата „Беркли“ се приближуваат до долгогодишната цел да се користи вештачка фотосинтеза за производство на обновлива енергија од јаглерод диоксидот во атмосферата.

Доколку се произведе во доволно големи количини, енергијата создадена од вештачката фотосинтеза може да биде огромен чекор кон намалување на влијанието на климатските промени.

Фотосинтезата е хемиска реакција со која алгите и зелените растенија го претвораат јаглеродниот диоксид во клеточно гориво. Научниците од ,,Беркли” дизајнирале коцкасти плочки за соларно гориво кои содржат милијарди наноцелни цевки помеѓу две тенки, флексибилни силикатни парчиња. Овие плочки ќе го сочинуваат новиот систем на вештачка фотосинтеза, пишува Радио МОФ.

Целосниот текст прочитајте го тука