Наука

Научниците снимиле неуспешна супернова

Научниците - Работник
294views

Дуплиот телескоп Атлас на Хаваите ја забележал досега најтемната експлозија на ѕвезда, а научниците се обидуваат да сфатат зошто оваа супернова е толку мрачна. Имено, суперновата по дефиниција е исклучиво силна експлозија при која се ослободува доволно енергија за таа со својот сјај да го осветли остатокот од галаксијата.

Суперновите се посјајни од обичните – нови. На латински нова значи „ново“, а во астрономска смисла тој настан се однесува на привремена појава на нова и сјајни ѕвезди. Називот е неточен, бидејќи новата настанува со ерупција на веќе постоечка ѕвезда која во прилика на експлозија која трае неколку часа или денови, станува многу посјајна. Префиксот супер ја разликлува суперновата од нова, односно суперновата е значајно поспекталкуларна и посилна. Поради тоа научниците со право се запрашале од што тогаш оваа супернова била толку темна.

Според една теорија, се работи за неуспешна супернова на ѕвезда која од нас е оддалечена 150 милиони светлосни години. Се работи за многу густа ѕвезда, наречена бело џуџе. Имено, ѕвездите помали од средната маса, како нашето Сонце, по трошењето на своето гориво стануваат бели џуџиња, пишува  New Scientist.

Експолозијата не белите џуџиња, наречена супернова тип Иа, обично се многу светли. Астрономите дури се потпираат и на нивниот карактеристичен сјај како на „стандардна свеќа“ со помош на мерата колку брзо се шири нашата вселена.

Имало и потемни супернови од тој тип, наречени Иах, но во последните 12 години научниците забележале само три такви феномени, меѓу кои се вбројува и овој. Потребно е да се напомене дека оваа најнова супернова е најмрачна досега и е околу 100 пати потемна од типичната супернова од типот Иа.

„Ќе биде возбудиливо ако потврдиме дека се работи за неуспешна супернова на бело џуџе“, рекол астрономот Шубам Сривастав од Универзитетот Квин во Белфаст, Северна Ирска.

Сривастав и неговите колеги откриле дека во овој настан настанале мешавини на елементите: јаглен, кислород, магнезиум, силициум и сулфур кои настануваат во текот, а не при крајот на експлозијата на белите џуџиња, што укажува на тоа дека се работело за непотполн настан.