Наука

Научници развиваат тест кој открива 50 врсти на карцином преку примерок од крвта

146views

Научниците развија нов тест кој може да открие над 50 видови на карцином, објавено е во студијата која се занимава со рано откривање на карцином, пренесува „Гардијан“.

Тестот се фокусира на хемиските промени што вирусот може да ги направи во ДНК-та, кој е познат како шема на метилација. Преку примерок од крвта, научниците велат дека тестот открива, покрај карцином и за каков тип станува збор.

Тестот засега е во пробна фаза на клиничко испитување.

 -Мора да се користи на независна група, која припаѓа на група под ризик од карцином, за да покаже дали може да го откриете ракот преку овој тест, изјави д-р -р Џефри Окснард од Институтот за рак Дана-Фарбер во Бостон,

Тимот што го разви тестот вели дека го развиле со помош на еден вид вештачка интелигенција што собира примероци од податоците и учи како да ги сортира. Тимот ги вчитал податоците за примероците на ДНК на повеќе од 2.800 пациенти и потоа биле тестирани 3052 примероци, 1531 од нив покажале постоење на рак додека 1521 примерок не.

Користејќи ги овие информации, системот ги сортира примероците во групи според моделите на метилација. Потоа, системот укажува кои групи имаат кој вид на карцином. Резултатите покажале дека карциномот бил погрешно дијагностициран кај околу 1 процент од луѓето кои го немале.

-Навистина е важно некој кој нема рак да не му кажете дека има, вели Окнард.

Системот точно регистрира повеќе од 50 карциноми. Откривањето покажало дека било подобро во групи во кои болеста напредувала. Ракот бил дијагностициран кај 18% од оние со прва фаза на карцином, но кај 93% од оние кои биле во напредната четврта фаза на болеста.

Тимот кој го разви тестот е возбуден затоа што нуди нова опција за откривање на карциноми кои инаку тешко се откриваат. На пример, системот правилно открил 63 проценти од рак на панкреасот во првата фаза на болеста и дури 100 проценти во четвртата фаза. Во 96% од случаите, тестот покажа и од кое ткиво потекнува карциномот, при што податоците се точни во 93% од случаите.

Извор: Лидер