МакедонијаСиндикат

Нацрт-законот за пензионирање ги подели синдикатите

Нацрт-законот за пензионирање ги подели синдикатите-работник
473views

Предлогот законски измени со кои повозрасните вработени не ќе можат да продолжат со работа уште плус три години откако ќе го достигнат прагот за пензионирање, ги подели синдикатите. Синдикатот за образование, наука и култура се сомнева дека владата со оваа мерка сака да обезбеди партиски вработувања пред изборите. Нивните пресметки покажуваат дека само во секторот образование оваа мерка ќе опфати над 4000 лица кои наредната година ќе ги исполнат условите за заминување во пензија.