Наука

Нашиот Сончев систем го опкружува џиновски огнен ѕид

Нашиот Сончев систем - Работник
72views

На најодалечениот раб на нашиот Сончев систем се наоаѓа бариера од жешка плазма, односно џиновски огнен ѕид од сончеви зраци кој го дефинира работ на меѓуѕвездениот простор.

Кога вселенското летало Војажер 2 кон крајот на 2018 година го започнало своето патување во меѓуѕвездениот простор, забележало дека на тоа подрачје температурата изнесува 49,427 Целзиусови степени, пишува Футуризам.

„Локалниот меѓуѕвезден медиум, бариерата на жешката плазма, променлив е во близина на хелипаузата и потопол е отколку што се очекува“, пишува во студијата наречена Војажер 2 plasma observations of the heliopause and interstellar medium која е објавена во научното списание Nature Astronomy.

Во студијата пишува дека и набљудувањата на „Војажер 2 покажале дека температурата во тој регион изнесува од 30 до 50,000 К, додека моделите и запазувањата предвидуваат температура од 15 до 30,000 К“.

Ќе влијае ли тоа на меѓуѕвездените патувања?

На научниците засега не им е јасно како овој ѕид од жешка плазма ќе влијае на идните меѓуѕвездените патувања. Имено, макар што плазмата е исклучиво жешка, не е густа (има мал број на честички) како и според тоа што Војажер 2 поминал низ неа без никакви проблеми. Но, експертите се загрижени за тоа дека бариерата би можела да влијае на луѓето.

Научниците моментално се занимаваат со анализирање на слоевите на плазмата кои ги создаваат и одржуваат соларние ветрови кои дуваат од сонцето и формираат меур на плазмата кој го опкружува нашиот Сончев систем, покажало истражувањето објавено овој месец во Nature Astronomy.

Според институтот Jet Propulsion Laboratory на НАСА, новото истражување сугерира дека Војажер 2 можеби сепак не прешол во меѓуѕвездениот простор, туку се заглавил во широкото преодно подрачје кое се состои од неверојатно жешка и компактна плазма.