- Advertisement -
ЗанимливостиМагазинНаукаНовостиСветот на работникот

Нашите деца ќе работат работи кои сè уште не постојат

Нашите деца ќе работат работи кои сè уште не постојат
176views

Вештачката интелегенција ќе го промени светот повеќе од било кога, истакнува др. Каи-Фу-Ли, експерт за вештачка интелегенција. Поради тоа, подготвувањето и учењето на нови вештини е клучно за иднината на помладите генерации.

Многумина ја поврзуваат вештачката интелегенција само со роботи и сметаат дека големите технолошки гиганти се насочени кон тоа. Реалноста сепак е малку поинаква и секој од нас се соочува со вештачка интелегенција, започнувајќи со отклучување на мобилните телефони преку препознавање на лицето или отпечатоци од прсти, до алгоритми кои ни нудат предлози за тоа што би можеле да купиме или кои серии да ги гледаме.

Технолошкиот развој нема да застане, и сите ќе мора да се навикнеме да живееме со него. За да можат најмладите да бидат подговени за она што претстои, потребно е да ги научиме на нови технички и дигитални вештини со поинаков пристап во образованието.

Според студијата на Светскиот економски совет, 65 проценти од децата кои штотуку започнуваат основно училиште ќе работат работи кои се уште не постојат.

Поради тоа, важно е да се инвестира во нивниот развој на нови вештини денес. Највредните комбинации на вештини ќе бидат оние од компијутерската наука, разбирање како работат машините, но исто така и од хуманистичките науки.

Веќе постојат алатки кои им овозможуваат на младите да се вклучат во креативно решавање на проблеми. На пример, кодирањето им дава можност да комуницираат поконструктивно со машините и компјутерите и им помага подобро да ги разберат односите меѓу луѓето и технологијата.