ЕкономијаМакедонија

Најавена нова инвестиција во земјава вредна 25 милиони евра

Најавена нова инвестиција во земјава вредна 25 милиони евра - Работник
282views

Словенечката компанија Таб мак ќе инвестира 25 милиони евра отворајќи 90 нови работни места во Пробиштип и околината. Новата инвестиција ја најавија премиерот Зоран Заев и вицепремиерот за економски прашања Кочо Анѓушев од Словенија каде што во рамки на дводневната официјална посета имаа неколку средби со словенечки компании.

„Во рамки на нашата посета на пријателска Словенија имавме прилика да се видиме со неколку бизнисмени, дел од нив се веќе присутни во нашата земја. Господин Липновик, директор на компанијата Таб мак, ја сподели добрата вест со нас, дека е донесена одлука да направат нова инвестиција за фабриката за акумулатори во Пробиштип во вкупна вредност од 25 милиони евра. За нас е тоа многу значајно. Се потврдува дека во нашата земја има поволна инвестициска клима кога една компанија што скромно стартуваше пред неколку години сега носи вака крупна одлука за инвестиција од 25 милиони евра што ќе отвори нови од 70 до над 90 работни места. Се потврдува дека севкупните наши политики значат отворање на перспективи на Северна Македонија за интегративните процеси, но и на сите економски политики што ги водиме во државата“, рече премиерот Заев и додаде дека оваа инвестиција се реализира во внатрешноста на земјата, што е дополнителен импулс за рамномерниот регионален развој и за задржување на младите во нашата земја.

Целосната статија можете да ја прочитате тука