СветСветот на работникотСиндикат

Најавеното зголемување на платите во јавните служби не ги задоволи просветарите, тие продолжуваат со штрајкот

Најавеното зголемување на платите - Работник
375views

Матицата на хрватските синдикати незадоволна е од најавата на Премиерот Андреј Пленковиќ дека на сите вработени во државните служби од наредната година платите ќе им бидат зголемени за 6,12 отсто. Најавеното зголемување е планирано од јануари наредната година, а би било исплаќано на три пати по два отсто.  

Меѓутоа, синдикалците велат дека тоа не го решава проблемот на зголемувањето на коефициентите во образованието.

На прес – конференција претставниците на Матицата на хрватските синдикати забележале по прв пат Претседателот на Владата да даде понуда на синдикатите на јавните служби преку говорницата во Саборот.

Досега такво нешто немало, пренеле хрватските медиуми.

Наведуваат дека Премиерот тоа го предложил потполно игнорирајќи дека во текот се преговорите за платите на просветните работници.

Истакнале дека ниедна реченица на Пленковиќ изговорена во Саборот не ги решава проблемите поради кои просветните работници веќе петти ден штрајкуваат.

Велат дека образованите синдикати поставиле јасни барања за измените на коефициентите на сложеност на работните места, бидејќи тие заостануваат зад целниот коефициент.

„Зголемувањето на основицата за сите еднакво ни најмалку не го решава проблемот на вработените во образованието“, порачале синдикалците и додале дека единствено што можат да речат е дека штрајкот ќе се продолжи.

Истакнале дека за нив се сосема невообичаено тоа што социјалниот дијалог го води преку медиумите од Саборот.

„Зголемувањето на платите е пофално, но не е доволно“, навеле тие.