Најатрактивен град за работа во странство е Лондон: Мултикултурата и официјалниот јазик се голема предност
Најатрактивен град за луѓето кои сакаат да работат во странство е Лондон, а на второ и на трето место се Амстердам и Дубаи, покажал новиот извештај на компанијата Boston Consulting Group (BCG).
Како што се наведува во истражувањето наречено Decoding Global Talent, главните фактори кои се во прилог на работењето во Лондон се англискиот како главен јазик, силната глобална мрежа на таленти од други земји ширум светот, мултукултурата, обилните финансиски можности и пристапот до Европа и Соединетите Американски Држави.
Девет проценти од испитаниците кои бараат работа во странство подготвени се веднаш да се преселат во Лондон. По него следува Амстердам со осум проценти, Дубаи седум проценти, Абу Даби седум проценти, Њујорк шест проценти.
Во првите десет спаѓаат и Берлин, Сингапур, Барселона или Токио во кои веднаш би се преселиле пет проценти од сите анкетирани, додека листата ја затвора Сиднеј со четири проценти.
Студијата базирана на одговори на повеќе од 150,000 испитаници од 188 земји покажала дека отприлика секој четрврти, поточно 23 %, активно бараат работа во странство.
Три најчести причини за емигрирање во странство меѓу испитаниците се економските прилики, напредувањето во кариерата и потенцијалот за подобар квалитет на живот, се наведува во истиот извештај.
Покрај тоа, студијата открила дека 92 % од лидерите на глобалните компании сметаат дека привлекувањето и задржувањето на талентите е меѓу нивните главни приоритети.
„Вработувањето на странски работници не само што ги пополнува празнините во капацитетите, туку компаниите со поголема глобална разноврсност често се поиновативни и поуспешни. Тие остваруваат поголем профит и постои 75 % поголема веројатност дека ќе бидат иноватори од светска класа“, се наведува во посебниот извештај на BCG од 2022 година.
Извор: TelegrafBiznis.rs/Tanjug
Фото: Robert Bye/Unsplash
- СПМ: Испратени барања до МВР и Одделот за правни работи за преиспитување на повлекување на измените од Законот за Полиција - 19/04/2025
- Неделков: Вработените во културата испоснички го дочекуваат Христовото воскресение - 19/04/2025
- Вработените во културата во Република Македонија останаа со едно големо ништо за најголемиот христијански празник „Велигден“. - 18/04/2025