МакедонијаСиндикат

Најбараната сезонска работа на море-се нудат следните работни позиции

Најбарана сезонска работа на море-се нудат следните работни позиции-Работник
312views

Фотографи, бармени и готвачи оваа сезона ќе имаат можност да заработат повеќе пари на крајбрежните дестинации, бидејќи најблиските поморските дестинации бараат сезонска работна сила, а за поединечни работни места им се нуди плата до 2.000 евра.

Истражувавме каде најмногу се потребни сезонски работници, кои работни места и колку можат да заработат за нивната работа.  Хрватска и Црна Гора се во дефицит на работната сила. Грција не е толку отворена за регрутирање на нова работна сила, бидејќи економската криза сé уште трае, а за Грците нема доволно работа.

Хрватското крајбрежје има потреба за готвачи и помошен персонал за готвење, а за ангажирање на готвачи со искуство, Хрватите се подготвени да платат помеѓу 1.800 и 2.000 евра од месец.

За работата на главен готвач, потребно е претходно повеќегодишно искуство, додека оние кои немаат искуство ќе можат да ја најдат својата шанса како помошни готвачи. Работата на асистентскиот готвач вклучува спремање на храна, чистење на риби и обезбедување на помош во работата на главниот готвач, а неговата плата се движи околу 700 евра. Истата сума на пари е исто така е предвидена за продавачи на брза храна и продавачи на сладолед.

Келнери – дефицит во Црна Гора

Кафулињата, рестораните и баровите во Црна Гора бараат голем број работници, а келнерите ќе можат да најдат работа во некои од рестораните на брегот. Врз основа на огласите, може да се види дека платата се движи од 400 до 500 евра. На крајбрежните ресторани исто така им се потребни од готвачи, а работниците кои се со искуство ќе добијат плата од 1.500 евра.

Луксузните хотели  на грчкиот брег имаат потреба од фотографи. Платата се движи од 800 до 1500, во зависност од она што се бара да се фотографира.