- Advertisement -
ЕкономијаНовостиСвет

Најбогатите њујорчани ќе плаќаат најголем данок во САД

Најбогатите њујорчани - Работник
559views

Според плановите предложени од демократите во Претставничкиот дом, лицата со најголеми приходи во Њујорк би можеле да се соочат со комбинирана стапка на данок за градот, сојузната и федералната влада од 61,2 проценти.

Предложените планови вклучуваат данок од три отсто за даночните обврзници кои заработуваат повеќе од пет милиони долари годишно. Плановите, исто така, бараат зголемување на максималната стапка на данок на доход од сегашните 37 проценти на 39,6 проценти, додека данокот на приход од инвестиции се задржува на 3,8 проценти.

Резултатот е највисоката маргинална федерална даночна стапка од 46,4 проценти. Тоа подразбира посебно оданочување над споменатиот праг на приход на даночната група на „најбогатите“.
Во Њујорк, комбинираната максимална државна и градска даночна стапка е 14,8 проценти. Така, њујоршките даночни обврзници кои заработуваат повеќе од пет милиони долари годишно ќе се соочат со комбинирана градска-државна-сојузна стапка од 61,2 проценти според планот на демократите во Конгресот, јави Блумберг.

Нивниот план е се уште на ниво на предлози и може да се промени. Сепак, комбинираните стапки за Њујорк би биле меѓу највисоките во изминатите речиси 40 години.