ЗанимливостиМагазин

Најбрзиот суперкомпјутер откри дека визирите се целосно неефикасни во спречување на аеросолите

Најбрзиот суперкомпјутер откри дека визирите се целосно неефикасни во спречување на аеросолите - Работник
39views

Пластичните визири се скоро потполно неефикасни во запирањето на аеросолите, покажаа модели кои беа имплементирани на најбрзиот суперкомпјутер во светот, што во голема мера фрла сомнеж во нивната улога во спречувањето на ширењето на коронавирусот.

Симулациите спроведени на Фугаку, најбрзиот суперкомпјутер во светот, открија дека скоро 100 проценти од аеросолите помали од пет микрометри избегале надвор од пластичните штитници што обично ги користат службениците.
Покрај тоа, половина од вкупната количина на поголеми аеросоли од 50 микрометри, исто така, завршиле во воздухот, според истражувачкиот центар Рикен во градот Кобе.

Додека некои земји се обидуваат да ги рестартираат своите економии, визирите стануваат вообичаена опрема во секторите каде вработените имаат директен контакт со клиенти.

Макото Цубокора, шеф на тимот од Рикен, вели дека симулацијата зела предвид десетици илјади аеросоли со различна големина, од оние помали од 1 микрометар до неколку стотици микрометри.

Неговиот заклучок е дека визирите не можат да бидат алтернатива на маските.

„Судејќи според резултатите од симулацијата, ефективноста на визирот при запирање на ширењето на аеросоли и капки од устата на заразено лице во околниот воздух е многу ограничена во споредба со маските“, изјави Цубокора за „Гардијан“.