Најголемиот руски авто -гигант се затвора: Има дава 3,000 долари на сите работници кои ќе дадат доброволен отказ

Најголемиот руски произведувач на автомобили, Автоваз, кој го прекинал производството поради санкциите и недостатокот на компоненти, објавил дека им нуди на работниците во фабриката во Ижевска еднократна исплата од околу 3,000 долари, доколку доброволно дадат отказ.

Автоаваз во јуни го продолжил производството на некои свои популарни модели на Лада во својата главна фабрика во Толатиј, откако пролетта делумно го прекинал производството поради недостик на електронски делови, пренесува Ројтерс.

Компанијата, чиј долгогодишен акционер Рено го продал во мај својот сопственички удел на еден руски инвеститор, не била во можност повторно да го покрене производството на моделот Лада Веста, поради што испратила 3,200 вработени од својата фабрика во Ижевска на платено отсуство во март.

Автоваз им предложил на своите вработени во фабриката во Ижевска, град со 645,000 луѓе, кој се наоѓа на околу 1,200 километри источно од Москва, да пронајдат нова работа во компанијата или да дадат отказ со двостран договор.

На оние кои се одлучат да одат ќе им биде понудена еднократна отпремнина од околу пет до седум просечни месечни плати, односно околу 12 минимални, што било одобрено од државата. Максималната исплата би изнесувала 183,348 рубљи (3,161 долар).

„Автоаваз нагласува дека не планира масовни отпуштања, а предложените мерки се доброволни за секој вработен“, соопштила компанијата.

Извор: Telegraf Biznis.rs

Foto: AvtoVAZ