UncategorisedЕкономијаЗанимливостиСвет

Најголеми американски донатори – за пет години поклонил повеќе од 14 милијарди долари

Најголеми американски донатори - Работник
46views

Американскиот магазин Форбс истражил кои се најголемите донатори во САД , земајќи ги во предвид податоците за периодот 2014 – 2018 година.

Форбс напоменува дека ги пресметале само парите кои стигнале до крајните корисници, а не оние ветените, пренесува Бизнисинфо.

Американскиот магазин направил листа од 25 најголеми донатори, а еве ги најголемите кои воедно се познати и кај нас.

Ворен Бафет

Најголемиот американски филантроп и донатор е инвеститорот Ворен Бафет кој во пет години донирал дури 14,7 милијарди долари. Неговото моментално вкупно богатство е 90 милијарди долари.

Доколку се земат податоците од 2006 година до денеска, тој вкупно донирал 34 милијарди долари преку акциите во неговата компанија Беркшир Хатавеј.

Тој ги помага и образованието, социјалната правда и женските права, преку фондацијата која ја водат неговите деца.

Бил и Мелинда Гејтс

Втори на листата на најголеми донатори се Бил и Мелинда Гејтс кои во пет години донирале 9,9 милијарди долари. Нивното моментално богатство е 109, 6 милијарди долари.

Тие управуваат со најголемата светска хуманитарна фондација која има 46,8 милијарди долари под свое управување.

Џорџ Сорос

Трет најголем донатор е Џорџ Сорос кој главно се ориентира на еконмски развој и човечки права. Во таа цел тој потрошил 3,1 милијарди долари во пет години, а неговото вкупно богатство е 8,3 милијарди долари.

Унгарецот кој живее во САД е познат по својата Фондација „Отворено општество“ која особено е присутна во Источна Европа.

Фондацијата генерално поддржува проекти како борби за гласачки права, реформи на правосудните системи, медиумска слобода и иницијативи за човекови права.

Четврти најголем американски донатор е Мајкл Блумберг кој се фокусира на климатските промени и здравството, за што потрошил 3 милијарди долари за пет години.

Поранешниот градоначалник на Њујорк и претседателски кандидат особено е заинтересиран за контролата на оружјето, јавното здравство и заштита на животната средина.

Неговата фондација, Блумберг Филантропис, потрошила повеќе од една милијада долари за да го сузбие користењето на цигари во последната деценија.

Семејството Валтон

Семејството Валтон е сопственик на најголемиот светски трговски ланец Волмарт.

Понатаму на листата следуваат помалку познати имиња: Џим и Мерлин Симонс, Чак Фини, Хансјоерг Вејс, Пиер Омидајае, Гордон и Бети Мур…