- Advertisement -
НовостиПравдаСветСветот на работникотСиндикат

Најден починат работник во тоалет на магацин на Амазон: Со што се соочуваат работниците во гигантот?

Најден починат работник во тоалет - Работник
547views

Подотвил: Бобан Илијевски 

Од 2018 година до денес, речиси илјада пати била повикана Итна медицинска помош во магацините во Велика Британија, на гигантот за електронска трговија „Амазон“, вклучувајќи 178 повици во магацините на Амазон во Тилбури, Есекс (град во близина на Лондон), каде што овој месец починал работник, пишува The Mirror. 

Амазон започна со подготовките за Црн Петок (Black Friday), чија продажба може да му донесе до 2 милијарди фунти во Обединетото Кралство. Во меѓувреме, вработените во магацините ја обвинуваат компанијата дека ги третира како „робови“ или „роботи“. 

Свиркач од магацинот на Амазон во Тилбури за The Mirror открил дека Амазон не се грижи за здравјето на неговите вработени и дека ги третираат луѓето како робови.
 
„За првите три дена од боледувањето не добиваш надоместок, без разлика на тоа дали умираш или си изгубил нога. Ваквата политика ги охрабрува луѓето да дојда на работа и кога не се чувствуваат добро, бидејќи се плашат да не не‘ бидат платени или да не‘ добијат отказ од работа“, вели свиркачот и додава: „Земањето на работите е немилосардно, бидејќи физички е тешко за телото, додека поставените норми се многу стресни. Се се врти околу парите. 
 
The Mirror испратил Барање за информации од јавен карактер до болницата NHS. Податоците коишто ги добил укажуваат на тоа дека од 1 јануари 2018 до 31 август 2021 година имали 971 повик од магацините на Амазон, што е еднакво на пет повици во една недела. 
 
Медицинските лица ги третирале луѓето кои изгубиле свест или страдале од трауматски повреди, проблеми со дишењето или болки во пределот на срцето и градите. 

Свиркачот од Тилбери тврди дека од вработените се очекувало да пакуваат 380 работи во рок од еден час, за време на 10 – часовната трета смена. 

Тој додал: „Постојано се наведнуваш и стануваш – ти доаѓа да полудиш од болките во колената и грбот преку цела ноќ“. 

Еден поранешен работник во магацинот на Амазон во Тилбури рекол дека долгогодишната мануелна работа за Амазон предизвикала да му се дислоцира рамото во 2019 година. 

Неговото тврдење е дека Амазон „ги гледа луѓето само како бројки, како глувци“. Брзата помош, 215 пати била повикана во 2018, 209 пати во 2019 и 299 пати, минатата година, во 24 – те магацини на Амазон. 

Само во првите месеци од оваа година имало 248 повици кон Брзата помош, што преставува раст од 24 % во однос на 2020 година. 

Еден од повиците од магацинот на Амазон во Ругби, Варкс бил за обид за самоубиство, додека друг повик направен од магацинот во Ругели, Стафс, бил за „мисли повразни со самоубиство“. Еденод вработените во истиот магацин се предозирал со дрога оваа година. 

Откако вработен во тоалетите на магацинот во Тилбури бил пронајден мртов на 7 ноември, еден поранешен вработен на Фејсбук страната на персоналот напишал: „Беше лошо по менаталното здравје кога работев таму и буквално ова што се случи не ме изненадува воопшто. Работнците се луѓе, а не роботи“. 

Продажбата на Амазон минатата година достигна 20,6 милијарди фунти – 50 % повеќе од минатата година благодарение на локдауните. Компанијата платила 492 милиони фунти за даноци минатата година. 

Шефот на Амазон, Џеф Безос заработува 8,5 милиони фунти за еден час.  

Мик Рикс, национален офицер во синдикатот ГМБ, кој претставува некои од вработените во Амазон, рекол: „Во услови кога работната сила се турка до точка на пукање или нивоа на експлоатација, Амазон е еден од најзагрижувачките.  

Портпарол на Амазон рекол: „Уште еднаш, нашите критичари употребуваат непотполни информации кои се без контекст, дизајнирани намерно да шират дезинформации. Факт е дека Амазон има 40 % помалку повреди во просек, во споредба со другите транспортни и магацински бизниси во Обединетото Кралство“, вели тој. 

Бројните повици на Брза помош, тој ги оценува како „поврзани со веќе посоечки болести, а не со болести повразни со работното место. 

„Боледувањето на Амазон е во линија со другите големи препродавачи во Обединетото Кралство и вредно е да се напомене дека според политиките на Владата, плаќањето на боледувањето започнува откако ќе поминат четири дена“, вели портпаролот на Амазон. 

Извор: The Mirror

Фото: Bloomberg via Getty Images