- Advertisement -
ЗанимливостиСвет

Најдобар начин да го истражите Бали: Како да аплицирате за да волонтирате на еден од најубавите острови

206views

Зошто да волонтирате и патувате? Преку волонтирање имате ретка можност да живеете меѓу локалното население откривајќи го нивниот јазик, начин на живот, религија и други културни обичаи. Програмите за волонтери понудени на Бали се разновидни, како и пејзажите на овој прекрасен остров.

Бали, „островот на боговите“, е еден од 14.000 острови во индонезискиот архипелаг. Сместен помеѓу Јава и островот Ломбок, може да се пофали со богата и разновидна култура што е прилично необична. Стотици хиндуистички храмови, величествени планини, нерамни вулкански брегови, прекрасни песочни плажи, оризови тераси кои го одземаат здивот. Се повеќе се зголемува бројот на луѓе кои размислуваат за овој начин на патување и  впуштање во авантурата на волонтирање. 

Зошто Бали е добар избор за волонтирање и уживање во Вашиот одмор, прочитајте подолу.

На Бали, постојат голем број проекти во кои можете да се вклучите, без разлика дали сакате да се посветите на работа со деца, работа насочена кон зачувување на природата или работа поврзана со обезбедување на медицинска нега. Можете да работите на волонтерски проекти од една недела до три или повеќе месеци, и сето тоа зависи од вашите желби и цели. Можете да помогнете во спасувањето и заштитата на животните, работејќи со напуштени и повредени кучиња, да помогнете во истражување на ајкули, или да учествувате во развој на одржлив туризам за да помогнете во заштита на сите видови островска флора и фауна, може да предавате во рурални заедници или да учествувате во обезбедување на здравствено образование.

Повеќето волонтерски програми во Бали се плаќаат. Понекогаш можете да најдете бесплатни програми на различни волонтерски платформи, но тие се ретки. Но, цените за волонтерски програми на овој остров се многу разумни. Превозот од аеродромот до сместувањето, сместувањето и три оброка дневно ќе ве чини во просек околу 350 американски долари неделно, што не е огромна сума на пари со оглед на тоа што ќе бидете на еден од најубавите острови во светот.

Волонтерската работа обично се одвива во работните денови, така што ќе работите 5 дена во неделата, секој ден по 2-4 часа, во зависност од програмата во која сте вклучени. Помеѓу работата ќе имате доволно време да ги откриете сите убавини на островот, па затоа би било добро да направите план што би сакале да посетите и да видите. Честопати, луѓето што работат со вас на проектот ќе ви помогнат да ги откриете убавините на островот, па има ли нешто подобро отколку локалното население да Ви покажува тајни за кои никој не знае?

 

Ако сте заинтересирани за волонтерски програми, побарајте ги на следниот линк:  

https://volunteerprogramsbali.org/