- Advertisement -
ЗанимливостиСвет

Најдобрите фотографии од поларна светлина според “Capture The Atlas“

394views

Поларна светлина е природна појава на светлина на небото, предизвикана од судирот на наелектризираните честички под влијание на магнетното поле на Земјата. Поларната светлина обично се забележува ноќе, а настанува во јоносферата. 

На Северниот Пол овој ефект е познат како aurora borealis (или северна светлина), именувана по Аурора, римската божица на зората и грчкото име за северен ветер, Бореј.

Нејзината јужна двојничка, aurora australis (или јужна светлина), има слични својства и е видлива во јужните географски широчини на Антарктикот, Јужна Америка и Австралија.

Поларната светлина е многу шарена, величествена, па дури изгледа како нешто надвор од овој свет. Многу луѓе би сакале да ја видат оваа светлина во реалниот живот, но за жал, никој не знае кога ќе можеме повторно да патуваме. Единствено што ни останува е да уживаме во овие фотографии, од оддржаниот натпревар “Northern Lights Photographer of the Year”.