ЕкономијаНовостиСветСветот на работникот

Најмалку се платени во светот, а милијардерот ги советува да работат по 70 часа неделно

   Време за читање 2 минути

Еден од најценетите индиски претприемачи, Н.Р Нарајана Мурти, верува дека младите луѓе би требало да остануваат подолго на работа, доколку сакаат нивната земја да стане глобална економска сила.

Коосновачот на софтверската империја Infosis, рекол дека на земјата ѝ требаат „многу одлучни, екстремно дисциплинирани и исклучитено вредни“ млади кои би требало да поминуваат 70 часа неделно на работа.

– Знаете, тоа е всушност она што Германците и Јапонците го направија по Втората светска војна, рекол Мурти, пренесува CNN.

– Некако нашите млади имаат обичај да ги преземаат не толку посакуваните навики од Западот, а на тој начин не ѝ помагаат на земјата. Продуктивноста на трудот во Индија е една од најниските на светот, истакнал тој.

Технолошкиот тајкун рекол дека корпоративните лидери во Индија треба да ги мотивираат младите „напорно да работат“ кажувајќи им дека „Индија по првпат добила одредена доза на почит на глобално ниво“.

Ова е време за нас да се консолидираме и да го забрзаме напредокот, додал Мурти.

Според Меѓународниот монетарен фонд, Индија е една од најбрзо растечките големи економии во светот и оваа година ќе се зголеми за 6,3 %.

Коментарите на Мурти доаѓаат во момент кога драстично се менува начинот на кој луѓето ја гледаат работата, особено на Запад и во Кина. Веќе неколку години, младите во Кина се борат против работната култура „996“ во земјата или праксата на работа од 9 до 21 навечер, шест дена во неделата.

Во Америка веќе некое време е присутен трендот на „тивкото откажување“, во кое луѓето одлучиле да одбиваат работни задачи кои го надминуваат она за што се ангажирани.

Коментарите на Мурти наишле на осудување на социјалните мрежи. Во текот на претходните неколку недели, истражувањата покажале дека Индијците сметаат дека се меѓу најпреработените и најнско платените луѓе во светот.

Инаку, коосновачот на Infosis му е дедо (татко на сопругата) на британскиот премиер Риши Сунак.

Извор: Telegraf Biznis

Фото: Tanjug/AP