Економија

Најнизок минималец во регионот има Македонија

Најнизок минималец во регионот има Македонија - Работник
179views

Работниците во Македонија земаат најниска минимална плата во регионот. Таа изнесува 203 евра. Последните достапни податоци покажуваат дека минималната плата во Босна и Херцеговина е 208 евра, Албанија 211 евра, а во Црна Гора, минималецот е зголемен на 222 евра, пишуваат медиумите од регионот.

Во нашиот северен сосед, Србија минималната плата изнесува околу 230 евра, но со зголемувањето за 11 проценти најавено за следната година, минималецот во Србија ќе се зголеми на 255 евра.

Државите во регионот кои се дел од Европската Унија, како Хрватска и Словенија имаат значително поголеми минимални плати. Во Хрватска таа изнесува 405 евра, додека во Словенија минималецот изнесува 667, со што ја надминува и просечната плата во Македонија и други земји од регионот.