ЕкономијаСветСветот на работникот

Најпотребни експерти за вештачка интелегенција: Листа на најбараните професии

Најпотребни експерти - Работник
170views

Излезе годишната листа која традиционално ја истакнува Linkedn, „Имрџинг џобс“, а станува збор за професии кои биле најбарани.

Овој пат направиле листа на вработувања од 2015 година.

Помеѓу првите професии е експерт за вештачка интелегенција, најчесто инженер, истражувач или друга специјалност која се фокусира на машинско учење и вештачка интелегенција, смислувајќи работи како тоа каде има смисла да се имплементира АИ или изградба на АИ системи.

Во последните четири години стапката на раст на вработувањата кога станува збор за оваа професија била 74 отсто.

„АИ се инфилтрираше во секоја индустрија и моментално побарувачката на луѓе кои се квалификувани за АИ ја престига понудата“, вели Гуи Бергер, главниот економист на Linkedn.

„Ова е трета година по ред каде професијата која се однесува на машинско учење или АИ е на врвот на листата, а можеме да очекуваме дека побарувачката ќе порасне“, рекол тој.

Потоа следуваат инженерите за роботика (40 отсто од годишниот раст на вработување), аналитичар на податоци (37 отсто) и други, пренесува Банкар.

„Иако многу од овие професии се со технолошки улоги, тие не мора да се во технолошката индустрија. Секоја компанија морала да ја прифати технологијата на некое ниво и тоа се гледа и во овие професии со висок раст“, додава Бергер.

Интересно е и тоа што постојат и голем брј на професии како експерт за успех за односите со купувачите и претставник на продажба.

Еве ја листата:

  1. Експерт за вештачка интелегенција
  2. Инженер за роботика
  3. Дата Сајантист
  4. Инженер за управување со податоци
  5. Инженер за веродостојност на сајтови
  6. Експерт за однос со купувачите
  7. Претставник за развој на продажбата
  8. Дата инженер
  9. Бихевиорален здравствен техничар
  10. Експерт за сајбер безбедност