ЕкономијаСветСветот на работникот

На Австрија и недостасуваат илјадници жетвари: Апел испратен и до студентите

На Австрија - Работник
191views

Австрија во корона кризата се соочува со нов проблем, а тоа е недостаток на жетвари поради изостанувањето на сезонската работна сила.

Поглемиот дел на жетварите доаѓале од странство, а сега, кога се затворени границите, недостасуваат илјадници вакви работници.

„Не сакаме жетвата да ни скапува во полињата“, рекла австриската министерка за земјоделство, Елизабет Кестингер.

Моментално недостасуваат 5,000 жетвари, а бидејќи започнува пролетта, потребни се се повеќе. Иста е и ситуацијата во индустријата за преработка на месо, каде што недостасуваат 9,000 работници, рекла Кестингер.

Таа апелирала до сите граѓани на Австрија кои моментално се слободни, да се пријават и да го поддржат земјоделието. За да тоа се олесни, Владата стартувала веб страна, преку која заинтересираните можат да се пријават.

Апелот е упатен пред се на вработените во гастрономијата кои моментално не работат, бидејќи е воведена забрана на работата во угостителските објекти, но и на студентите.

Војската не може да помогне, бидејќи таа веќе и помага на полицијата.