- Advertisement -
ЕкономијаНовостиСветСветот на работникот

На возачите, сметоводителите и на уште некои професии им се заканува ИСЧЕЗНУВАЊЕ

На возачите, сметоводителите - Работник
460views

Проректорот на Финансискиот универзитет при руската влада Александар Сафонов за „Росијскјата газета“ зборувал за тоа кои професии би можеле да исчезнат во наредните десет години. 

Работниците во сообраќајот, како возачи на автобуси или подземни железници, ќе бидат изложени на најголем ризик, смета рускиот експерт. 

Advertisement

„Веќе се тестираат системите на автономни возила во многу земји. Тоа е резулатат, не само на развојот на „мозоците“ за автомобили, туку и на системот на позиционирање кој комуницира со мобилните комуникации.“

На пример, во потполност е можно да се автоматизира подземната железница. Така ќе биде и со железницата, трамваите, тролејбусите и автобусите. Луѓето кои со тоа се бават сега мораат да размислат што да работат ако бидат заменети од електрониката, рекол Сафанов. 

Advertisement
Advertisement

Како уште еден пример, тој го навел екипажот во патничките авиони кој претходно сочинувал пет луѓе, за да со современите системи на автоматизација тој број се сведе на двајца. Наскоро, како што предвидува Сафонов, само едно лице ќе може да управува со авион. 

Тој смета дека и сметководството радикално ќе биде изменето, иако нема во потполност да исчезне. 

На крајот на краевите, сметководителите не водат само сметки за приходите и трошоците, туку ја проценуваат ефикасноста и на трошоците. Се повеќе ќе се стекнуваат улога на ревизори или даночни консултанти, рекол Сафанов. 

Експертот додава дека компјутерските програми сепак не можат да ги заменат сметководителтие, бидејќи „финанасиите се многу лична работа.“

Advertisement