На Германија итно ѝ се потребни 400.000 работници

Можеби би можела да дојде во Франкфурт, еден од најважните финансиски центри во светот? Не, вели Џесика Џејмс, Германија не доаѓа предвид. За да најдеш работа таму, треба да научиш германски – и тоа е тешко. „Исто така, Германија е доста строга кога станува збор за издавање визи. Слушнав дека Германците се прилично строги кон луѓето со потемна кожа и воопшто со имигрантите. Затоа, младата банкарка сака да емигрира во Холандија.

„Луѓето се безобразни, јазикот е тежок, тешко можеш да добиеш виза? Звучи како Германија да не е земја која привлекува квалификувани работници од странство. Не е точно“, вели Томас Либиг, „Германија е привлечна за работна сила.“ вели експертот за миграција во Организацијата за економска соработка и развој (ОЕЦД) кој гледа „голем потенцијал во високо квалификувани и добро образовани или обучени луѓе во странство кои се заинтересирани за Германија“.

Либиг и неговите колеги анкетирале речиси 30.000 луѓе кои го посетиле онлајн порталот на германската влада за квалификувани работници од странство. Станува збор за луѓе кои веќе се заинтересирани за работа во Германија. Повеќето од нив можат да замислат да дојдат во Германија бидејќи за нив има добри можности за работа и кариера. Двајца од тројца испитаници го навеле високиот стандард и квалитет на живот во Германија како причина за нивната миграција.