На Германија и недостигаат дури и затворски чувари

Хроничниот недостиг на работна сила во Германија стигнал и до затворите, каде недостигаат околу 2,000 работни места, пишува Дојче Веле и наведува дека таа работа е тешка и не е за секој, а и релативно малку е платена.

„Не бараме овде некој Рамбо, туку изградени личности кои ќе се грижат за нашите осуденици, со кои може да се разговара и кои учествуваат во курсеви и третмани“, вели Анабел Францен, директорка на затворот Рорбах, недалеку од Мајнц и додава е дека е многу тешко да се најдат соодветни луѓе.

200 чувари и службеници во тој затвор непрекинато се грижат за околу 500 затвореници и затворенички, а директорката вели дека 17 од вработените ја немаат довршено обуката и дека не се знае како ќе се надомести кога постарите ќе заминат во пензија. За сега во Рорбах се снаоѓаат како умеат и знаат, но на штета на затворениците, па така намалена е спортска понуда во затворот.

„За затворениците тоа за жал значи дека поретко излегуваат од ќелиите за да се движат на воздух во спортскиот двор“, вели Францен.

Германскиот Сојуз на вработени во казнените домови проценува дека во затворите ширум земјата недостасуваат околу 2,000 чувари и останати работници. Работата е во смени, тешка и често потценета. Тоа е опасна работа, тешка, за неа мора да постојат подобри стимулации, вели Рене Милер, првиот човек на Сојузот на вработените.

Овој синдикат бара подобри плати и пофлексибилен систем на работа. Затворите во Германија се во надлежност на секоја од 16-те покраини, па и платите и различни и на почетокот се движат од 24,000 до 39,000 евра бруто, годишно.

Во текот на 2020, властите во покраината Хесен откриле дека секој осми вработен во затворите има уште една работа на страна. Тогаш било речено дека просечната нето плата изнесува 2,300 евра, а тоа е се пари со кои тешко може да се живее добро во градовите со скапа кирија како Франкфурт на Мајна.

Затворите преку билборди бараат работници

Покраините на различни начини се обидуваат да привлечат нова работна сила. Во Браденбург пред неколку години е проширена старосната група од која може да се регрутираат работници. Наместо од 21 до 36, сега се бараат од 18 до 40 години.

Во покраината Порање – Платинант го реформирале образованието за затворските чувари и го скратиле од две години на година и половина. Тоа наишло на критики од страна на синдикалците кои сметаат дека образованието би требало да се интензивира, бидејќи во затворите има се поголем број на затвореници кои не зборуваат германски или имаат психички проблеми.

И самите затвори се трудат да најдат свежа работна сила, па така во затворот Рорбах организираат денови на отворени врати, а на автобусите во кои се превезуваат затворениците стојат билборди, „Стани дел од нашиот тим“.

Извор: Politika, Tanjug

Фото: Pixabay