- Advertisement -
ПравдаСветСветот на работникот

На лекарите во Хрватска кои работат со ковид пациенти помала плата за повеќе од 20 %?

На лекарите во Хрватска - Работник
143views

Министерот за здравство на Хрватска на седницата на Владата ја најавил „одлуката за платите“ до крајот на неделата, иако дел од установите веќе ги пресметале платите. 

Може ли да се случи да здравствените работници кои работат со ковид пациенти, а посебно оние кои дошле на помош во Ковид болницата КБ Дубрава, како и во други слични установи во Хрватска, да добијат помала плата за минатиот месец, отколку кога работеле во своите матични болници? 

Може ли оние кои во своите болници работат со ковид – пациенти да останат без тој ист додаток од 28 % на основната плата за услови за работа бидејќи коронавирусот досега не постоел? Одговорот на двете прашања е потврден: се е можно доколку ништо не се смени во начинот на исплата на платите, бидејќи Министерството за здравство сеуште не дало никаков предлог на директорите на болниците за тоа кој има право и на колкав додаток има право додека трае ковид кризата. Вистина е дека на почетокот на минатиот месец в.д. Директорот на КБ Дубрава Ивица Лукшиќ одлучил да оние кои работат во ПРИЦ имаат право на додаток за услови за работа од 28 %, но тоа сеуште не го решило проблемот, пишува Јутрањи лист. 

Имено, во ПРИЦ во КБ Дубрава нема дежурства, саатницата е темелна плата со додаток од 28 % за услови за работа бидејќи се работи во принципот, четири часа работа, четрии часа одмор, па потоа враќање во болницата по четири часа. Со други зборови, како и да се пресметува, платата ќе биде помала од месецот во кој работеле во матичната болница за најмалку 20 %. 

Најдобро тоа може да се види со конкретна, груба пресметка. Ако некој специјалист кој дошол да работи во ковид болница има основна плата од 1,300 евра, а работни во одделот за интензивна нега, на таа плата ќе ги добие договорените 28 % повеќе. Платата, грубо ќе му изнесува околу 1,700 евра и тука таа приказна се завршува, бидејќи лекарот нема дежурства, прекувремена работа… Во својата болница би имал исто околу 1,300 евра плата, потоа 19 проценти за услови за работа кои ги имаат речиси сите, би дежурал три или четири пати и неговата плата би изнесувала 2,100 евра. Значи, малку помал додаток, но вкупно примање поголемо 20 %. 

Нездравствен персонал

И не само што не е решен проблемот на оние кои работат во други болници за да лечат ковид пациенти, туку истот проблем не е решен ни за вработените кои во своите матични болници работат директно со ковид – пациенти, како и за нездравстевниот персонал кој учествува во процесот на дијагностика и лечење на пациенти со коронавирус, бидејќи не се знае кој додаток на плата им припаѓа на основа на Колективниот договор. На овие нелогичности вчера министерот биле предупреден и од УПУЗ (Здружение на работодавачи во здравството). 

„Не е јасно дали имаат вработените кои работат во наведените услови право на зголемување на основната плата за посебни услови на работа во ист процент како и пред епидемијата од Ковид – 19 од 28 % (работа во одделот за интензивна нега или обединетиот болнички преглед или на основа на некој друг критериум), имаат ли право на зголемување од 23 % (работа во дијагностика и лечење на пациенти за кои е потребен трет и четврт степен на биозаштита), или имаат право на некој друг додаток, односно некој од наведените додатоци но темелен на други основи“, го прашале министерот од УПУЗ, но одоговор досега не добиле. 

Слично прашање, овие денови, му поставил и Јутарњи лист, но засега не добиле објаснување како се случило тоа да сеуште нема јасни упатства за тоа кој, кога и зошто има право на некој додаток. Министерот Вили Берош вчера во владата ја најавил „одлуката за платите до крајот на неделата“, но без никакви објаснувања, макар што некои од здравствените установи веќе ги исплатиле платите за ноември со додаток од 28 % и на тој начин можно е „да ги прекршиле прописите бидејќи не можат да бидат неправедни кон своите вработени“ поради „нејасната примен на Колективниот договор“. 

Четири дежурства

Некои го решаваат проблемот така што нивните вработени работат 15 дена во ковид болницата, а 15 дена во својата, за да додадат четири дежурства и да примат плата приближно еднаква на таа од минатиот месец. Со оглед на тоа дека и платите на оние кои се на привремена работа во друга установа, да се пресметуваат во нивната матична болница, дел од дирекорите одлучиле на тие работници платите да не им бидат помали од оние кои ги добиле месец порано во нивните болници. 

Имало време Министерството да го реши овој проблем уште кога короната била смирена и да одреди кој додаток ќе се вклучи во примањата на основа на новите обврски кои ги наметна Ковид – 19. 

Advertisement