- Advertisement -
ЗанимливостиМагазин

На оваа дестинација нема ниту хотели ниту кампови, но сепак е избрана за најдобра во 2021 година (ВИДЕО)

На оваа дестинација нема ниту хотели ниту кампови, но сепак е избрана за најдобра во 2021 година. (ВИДЕО)
212views

Совршено место за бегство од сè и од секого!

Годината која ја испраќаме ќе остане во нашето сеќавање како една од оние години во кои останавме желни да патуваме. Поради пандемијата на корона вирус, мал е бројот на оние кои отпатувале надвор од нашата држава на одмор, а строгите карантински мерки значително ги намалија можностите на туристите од целиот свет да истражуваат нови дестинации и да уживаат во недопрената природа.

Туристичкиот гигант препорачува осум дестинации кои ќе бидат хит во 2021 година. На врвот на листата се најдоа островите Abrolhos на западот на Австралија.

Овој архипелаг не само што е малку познат како уникатно место за годишниот одмор, а со тоа и недоволно посетен, туку овозможува и целосно ново доживување на одморот. Имено, на островите нема хотел, ниту легален камп во кој би можеле да престојуваат туристи, но затоа тие се идеални за уживање во пливање, нуркање, риболов и фотографирање со диви животни.

Тиркизната вода, белите песочни плажи, неверојатно богатиот подводен свет е најважното нешто за секој на кого мобилниот телефон, пораките, телефонските повици и вестите му се преку глава. На архипелагот Абролхос ве очекува само боженствена природа, без контакт со цивилизацијата каква што ја познаваме.

Иако е преубав, за жал не сите можат да го посетат.  Резервиран е само за луѓето кои имаат “подлабок џеб”, затоа што до овој архипелаг може да се сигне само со јахта или туристички бродови од Џералдтон, Калабрија или Донгара.

На островите нема ниту вода за пиење, ниту струја, а доколку туристите се одлучат да преноќат во шатор кој сами ќе си го понесат и постават, власта им прегледува низ прсти.