- Advertisement -
СветСветот на работникотСиндикат

На овој начин синдикатот во Германија сака да спречи ОТПУШТАЊА ОД РАБОТА

Поради пандемијата во Германија- Работник
236views

Четиридневна работна недела не е нова идеја, но таа е претставена како решение што може да биде еден од рецептите за закрепнување од кризата со корона.

Синдикатот ИГ Метал презентираше предлог за воведување на четиридневна работна недела во Германија. Неговата цел е да ги излечи болните ефекти од економската криза предизвикана од Ковид-19, пишува Бизнис инсајдер.

„Четиридневна недела ќе биде одговор на структурните промени во секторите, како што е автомобилската индустрија. Ова значи дека индустриските работни места можат да се задржат, а не да се ликвидираат“, рече Јорг Хофман, директор на ИГ Метал.

Advertisement

Тој додаде дека го видел интересот на компаниите да го намалат работното време наместо да отпуштаат работни места. „Со оваа мерка, се обезбедува квалификувана работна сила и заштедува на трошоците на социјалниот план“, додаде тој.

Германскиот весник „Ханделсблат“ посочува дека автомобилските гиганти Бош, З.Ф и Дајмлер постигнале договор за намалување на работното време со цел да се контролираат трошоците без да се отпуштат работниците.

Advertisement
Advertisement

Четиридневна недела има смисла само ако ви помогне да ја надминете краткорочната криза. Сепак, тоа не е соодветен инструмент за структурните промени низ кои автомобилската индустрија особено ги минува. Како што е случајот со продолжување на такси за работа со скратено работно време, за кој се залагаше вицеканцерот Олаф Шулц, постои и опасност за зацементирање на застарените структури со намалување на работното време, напиша Дојче веле.

Четиридневна работна недела во Германија би можела да биде предмет на уште еден круг преговори за синдикатот во текот на годината.

Весникот Рајнпалц, од друга страна, го постави прашањето: Дали компаниите и нивните вработени можат да си дозволат четиридневна работна недела? Едно е јасно: со таквото намалување на работното време, компаниите нема да бидат во можност да исплатат целосна плата.

Четиридневна работна недела не е нова идеја. Меѓу другото, Мајкрософт спроведе ваков тест во Јапонија. Според тврдењата, ова се резултирало со зголемување на ефикасноста по вработен за 40 проценти во однос на истиот период лани. Тестот траеше во текот на август 2019 година.

Извор: blic.rs

Advertisement