- Advertisement -
ЕкономијаНовостиСветСветот на работникотСиндикат

На позната компанија и се заканува „смрт“?

Убер - Работник
607views

Подготвил: Бобан Илијевски

Ако Убер стане традиционална компанија за такси превоз која ги поседува своите автомобили и исплаќа плата на своите вработени, дали и понтаму би бил Убер?

Ова е прашањето со кое се соочуваат извршните директори на подружниците ширум Европа, каде судовите одлучуваат за статусот на нивните возачи.

Илјадници возачи на суд бараат статус на вработени, а со то се загрозува клучната компонента на работењето на компанијата: флексибилни возачи со флексибилно работно време, пишува Политика. 

Минатата недела, судија од Холандија одлучил дека возачите на Убер треба да се класифицираат како вработени кои имаат право на бенефиции кои доаѓаат со тој статус. Слична одлука во февруари донел и Врховниот суд на Велика Британија кој возчите повторно ги класифицирал како вработени, што значи дека имаат право на минимална плата, работно време и регрес. Повеќе од 100 слични процеси се водат ширум Европа. Иако некои се согласуваат со Убер, поголемиот дел се на страната на возачите. 

Со оглед на тоа дека Шпанија донела закон кој бара сите дигитални платформи да ги препознаат своите работници како вработени, а таквиот тренд се чини дека е тешко прифатлив за Убер, пишува Политико. Компанијата поддржува напори да се зајакне независноста на возачите, со минимални стандарди кои ги штитат сите работници, истакнале во соопштение во четвртокот. 

Усогласувањето на предностите на флексибилната работа, како одлучувањето кога и колку некој ќе работи, со обезбедување на заштита и бенефиции при вработување, како и одржување на квалитети за клиентите, нешто со што мака мачат земјите како Франција и Германија, пренесува Јутарњи лист. 

Во дебатата се вклучила и Европската комисија која би можела да направи преседан на целиот континент. Во ноември ќе ја претстави законодавната иницијатива, чија цел ќе биде подобрување на условите за работа во платформите, во кои работи повеќе од десеттина од работната сила во ЕУ. Засега е нејасно што Европската комисија ќе предложи, со оглед на тоа дека има ограничени овластувања над политиките во работните односи. 

Од Комисијата рекле дека би можеле да предложат директива со која од земјите членки ќе се бара да донесат сопствени закони за да се исполни целта на ЕУ. 

„Судските пресуди отидоа во различни насоки, но поголемио дел од судиите одлучија во корист на рекласификација на номинално независните занаетчии во вработени, а платформите се квалификуваат како вработени“, се наведува во документот на Комисијата. 

Комисијата не може да ги игнорира овие пресуди, изјавил Валерио Де Стефано, научник кој се бави со платформска работа на Католичкиот универзитет Левен во Белгија. 

„Можете колку сакате да ветувате бенефити, но заштита на правата на работниците не е ‘a la carte’. Не можете само да изберете каква заштита ќе им дадете на работниците. Ниеден работодавач тоа не смее да го направи“, рекол. 

Европаралментарците се обидуваат да ја поттикнат Комисијата платформските работници да ги квалификува како вработени. Во четвртокот Европскиот парламент ги усвоил препораките на извештајот кој повикува на зајакнување на правата на работниците на дигиталните платрформи. 

Извештајот кој го потпишала француската либерална европарламентарка Силви Брине, Убер го отфрлил и го отценил како штетно законодавство. 

На работниците кои работат за дигиталните платформи, како доставувачи на храна или возачи на Убер, ЕУ треба да им обезбеди права како на вработените на традиционалните работни места, побарал Европскиот парламент во резулуцијата усвоена во четврток. 

„Сите работници на платформите треба да имаат право на надоместок во случај на несреќа при работа или професионална болесте, како и социјална заштита“, рекла Силви Брине, известувач во име на Одборот за вработување и социјални прашања. 

Засега не е познато дали Комисијата ќе ги усвои препораките на ЕУ парламентот кои не се задолжителни, но компаниите се загрижени. 

Секоја таква судска одлука или потенцијална измена на законодавството го решава погрешното прашање, се наведува во „Move EU“, група за лобирање која ги претставува дигиталните платформи како Uber, Bolt i Free Now. 

Тврдат дека поголемиот дел од возачите преферираат статус на самовработен и флексибилно работно време. 

„Секоја одлука за рекласификација на независните возачите во вработени е загрижувачка, со оглед на тоа дека директно се намалува она што голем број од возачите го ценат: флексибилност и независност во работата: кога, каде и за кого сакаат да работат“, вели групата. 

Комисијата има ограничени овластувања над политиките за работни односи кои остануваат во национална надлежност, но предлогот на Комисијата и понатаму ќе има влијание, бидејќи судовите и законодавците ширум Европа бараат насоки и правни преседани. 

Некои земји не препорачуваат рекласификација на работниците во вработени и на тој начин се на страната на Убер, а една од нив е Франција. Државниот секретар за европски прашања Клеман Бон смета дека владите треба да бидат внимателни за да не го турнат светот на дигиталните платформи во свет на вработување, што економски гледано не е разумно. 

Синдикатите во Шпанија, каде во сила е закон кој ги штити вработените во дигиталните платформи, предупредиле дека рекласификацијата на „уберовците“ во вработени ја загрозила нивната егзистенција и некои компании, вклучувајќи го Deliveroo, размислуваат да ја напуштат земјата. 

Сепак, дури и ако Комисијата и другите земји не го прифатат шпанскиот закон, бизнис моделот на Убер е во опасност, тврди Брине. 

„Невозможно е да се продолжи со овој модел, бидејќи ќе има уште судски пресуди“, рекла Брине. 

Извор: b92.net

Фото: EPA-EFE/CAROLINE BREHMAN